Смртта ми тропа на врата: емотивно интервју на Мајкл Џеј Фокс

Мајкл Џеј Фокс се бори со Паркинсонова болест 30 години, а неодамна неговата здравствена состојба се влошила, па сега актерот се движи со помош на инвалидска количка. Ѕвездата од „Враќање во иднината“ даде интервју за Sunday Morning на CBS и призна колку му е тешко. „Нема да доживеам 80 години“, рече актерот. А, потоа се надоврза : „Да, смртта ми тропа на врата. Нема да лажам. Станува тешко, станува потешко. Секој ден е сè потешко”, изјави Мајкл на новинарката Џејн Паули. Тој откри дека имал операција за отстранување на бениген тумор на ‘рбетот, но процедурата му го нарушила одењето.

„Не умираш од Паркинсонова болест. Умираш со Паркинсонова болест. Значи, да, сум размислувал за смртноста од оваа болест“, раскажува Фокс, кој во емисијата го најави и документарецот за неговиот живот STILL: A Michael J. Fox Movie.

На Мајкл лекарите му ја дијагностицираа болеста кога имаше 29 години и оттогаш основа фондација, работеше на филмски и телевизиски проекти и е посветен на своето семејство. Актерот секогаш наоѓаше сила во сопругата и колешката Трејси Полан (62) со која се ожени во 1988 година, а ги имаат близнаците Аквина и Шајлер, ќерката Есма и синот Сем. „Трејси и децата се неверојатни. Знам дека звучи досадно, звучи како бајка, но ние сме во брак 30. години, па очигледно најдовме нешто добро“, рече Фокс.

Scroll to Top