Телохранител уби министер затоа што со месеци не примил плата

Министерот за труд на Уганда Чарлс Енголу, утрово беше застрелан од неговиот телохранител, соопшти тамошната армија. Рекоа дека го убил затоа што со месеци не примил плата. Откако го застрелал телохранителот се убил, пренесе агенцијата „Асошиетед Прес“, повикувајќи се на медиумите во Уганда.

Телохранителот го убил министерот во неговата куќа во Кампала. Пред да се приклучи на владата, Енголу беше полковник во армијата на Уганда. Очевидци рекоа дека телохранителот веќе подолго време се жалел затоа што со месеци не примил плата.

 

Scroll to Top