Во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград имаше масовно пукање од 14-годишен ученик.
Меѓу жртвите во масакарот во Белград е и Е.К, ќерката на познатиот српски одбојкар и тренер Драган Кобиљск
Кобиљски во кариерата настапуваше за Партизан, а подоцна ја водеше и Црвена звезда.
Денес во Белград 14-годишен ученик влегол вооружен во училиштето и почнал да пука околу осум часот. Полицијата потврди дека загинале осум деца и еден чувар. Многумина се ранети, а ученикот е уапсен.
На местото на настанот, полицијата утврдила дека момчето убило осум ученици, седум девојчиња и едно момче.
Загинал и еден вработен во обезбедувањето. Повредени се уште шест ученици и еден наставник.