Јелена Карлеуша го коментираше настанот кој се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кој тринаесетгодишно момче пукало во своите соученици и наставници и убило 9 луѓе, 8 негови соученици и еден чувар. Две деца и една наставничка се повредени.
Карлеуша рече дека не е проблем во системот, туку родителите кои го испуштиле детето од раце.
„Ужасната трагедија и злосторот кој го стори едно 13 годишно дете, натера многу да бараат вина за состојбата во кое како општество се наоѓаме. Криви се сега сите, од институции, држава, самото школо, до влијанието на западот, медиумите. Но, никој не дојде до сржта на проблемот. А проблемот сме ние самите. За нашите деца сме исклучиво и само виновни ние, родителите. Родителите кои го испуштија детето и не го учат на виситнските вредности. Кога родителот нема контрола и авторитет, кога нема време за детето, тогаш децата учат од улицата и социјалните мрежи, Тик ток, ликовите од реалните шоуа кои стануваат ѕвезди, криминалците“, рече Карлеуша.
„Детето се учи да има емпатија, да има милост, да сака, да дели со друарите, да прави разлика меѓу доброто и злото. Децата се учат како папгали, го присвојуваат и повторуваат она што им се повторува како мантра. Кога тоа ќе изостане во самото срце на семејството, а тоа е нивната куќа, сè се руши како кула од карти. Добро воспитано дете може да слуша и гледа насилство, но ќе го осуди и ќе се побуни и нема да го присвои. За жал гледаме како малолетници на социјалните мрежи слават убиство, наставници и убивање на врсници. Не е системот виновен, виновни се родителите. Државата не го воспитува детето, го воспитуваат родителите. Родители, дали знаете што детето ви пишува по социјалните мрежи? Проверете и запрашајте се. Дете не се носи на стрелање и лов, детето се учи дека убивањето на нешто живо е страшно и лошо. Децата не се учат дека жените се проститутки, а криминалците, фаци, децата се учат да ги почитуваат постарите и да го осудат сето она што е нечовечно и противзаконско. Ако кажете дека тоа го виделе од нивното опкружување, прашајте се зошто вашето влијание е помало и дали воопшто го имате. Не е општеството тоа кое потфрлило, потфрлиле родителите“, рече Карлеуша.