Скршени од болка одбојкарот Кобиљски и сопругата дојдоа во училиштето каде беше убиена нивната ќерка

Во вчерашниот масакар во Белград, меѓу жртвите е и ќерката на познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски. Тој, работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест дојде во Белград.

Тој денескана собирот кај училиштето дојде со сопругата. Таа едвај се држеше на нозе додека скрешна од болка го стискаше сопругот за рака. Илјадинци граѓани се собраа пред училиштето да им оддадат последна почит на жртвите од најтрагичниот настан во поновата историја на Србија.

 

Scroll to Top