Градските власти во Белград му се заблагодарија на кошаркарот Лука Дончиќ, кој се понуди да ги плати трошоците за погребите на загинатите во масакрот во училиштето во Врачар.
По трагедијата која се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кој ученик уби осум лица за време на час по историја, фондацијата на НБА ѕвездата најави дека ќе го плати погребот.
„Градот Белград му се заблагодарува на семејството Дончиќ за изразеното сочувство и нивната јавно изразена желба да ги сноси трошоците за погребот на загинатите ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“. Ја информираме јавноста дека Градот Белград, од моментот на градоначалникот најави секаква помош за семејствата на загинатите, беше во комуникација со нив и една од првите работи што беше договорена беше покривање на сите трошоци и организација на погребот, како и дека надлежните служби веќе ги подготвуваат деталите во врска со погребот“, рече претседателот на градското собрание на Белград, Никола Никодијевиќ.
„Истовремено, Градот Белград им се заблагодарува на сите луѓе со добра волја и желба, поединци и институции од Србија и од целиот регион, кои упатија изразија искрено сочувство. Ги молиме сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, да ги насочат своите донации во хуманитарните институции во системот за социјална заштита на град Белград. Раководството на Град Белград редовно ќе ги информира граѓаните за сите понатамошни активности“, додаде Никодијевиќ.