Минатиот викенд се случила драма во Мајами, каде братот на Шакира го нокаутирал нејзиниот бивши партнер и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике. Пике дојде во Мајами на посета да ги види децата, по што се степал со братот на Шакира.
Пејачката неодамна се пресели во САД, а со себе ги зема и децата. Со Пике се договори да доаѓа и да ги посетува кога ќе посака. Пике и Шакира наводно се скарале во луксузен хотел во Мајами, па на крајот се вмешал и братот на пејачката Тонино кој го нокаутирал поранешниот фудбалер.
„Шакира се скара со Пике. Расправијата премина во физичка пресметка откако се појави нејзиниот брат Тонино. Со бокс го нокаутираше Пике додека се обидуваше да ја заштити својата сестра“, пишуваат шпанските медиуми.