Мурал насловен „Оставете не во мир“ изработен од млади уметници од Франција, Германија и Македонија поставен е на задниот ѕид кон Градскиот парк на Зоолошката градина Скопје.
Во овој креативен проект се вклучени дваесет и еден млад уметник од Франција, Германија, Украина и Македонија, а целта е зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.
Младите луѓе ја дизајнираат иднината на својата земја и на региoнот. Тие ја имаат моќта да ја подобрат состојбата во државите и во светот. Оставајќи простор на младите да придонесат со својата енергија, со нивниот иновативен пристап создава можност, да се изградат како носители на промени, па и да поттикнат лична промена кај нивните врсници и останатите членови во нивната околина.
Млади креативци во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, поминаа и дводневна обука за сликање мурал под менторство на тројца реномирани уметници, Ема Попи од Франција, Дамјан Ив Род од Германија и Марина Сорокина Сомари од Украина.