Девојка се сними на Тик ток и го поддржа ученикот кој изврши масакр минатата недела во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Тринаесетгодишниот ученик со пиштол го уби чуварот и уште осум деца, а наставничката по историја е тешко ранета.
На социјалните мрежи почнаа да се шират објави со поддршка за ученикот, а особено реакции предизвика видеото на една девојка на „Тик ток“.
„Тој ќе излезе од затвор, но, тие од ковчег никогаш“, рече девојката и додаде:
„Видете ги, па палат свеќи, за кого палите?“.
Во коментарите имаше и различни реакции, некои ја осудија, но имаше и такви кои ја поддржаа.