Лук Блек: На Евровизија ќе пеам за Србија и за семејствата на починатите

Евровизискиот претставник на Србија, Лук Блек прошета по тиркизниот тепих со српската делегација во Ливерпул. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите во масовното пукање во Врачар, како и во онаа во селата кај Младеновац.

„Пеам за Србија и за сите оние кои сочувствуваат со нас, многу ми е тешко“, изјавил Лук Блек.

Песната „Само ми се спава“, меѓу другото, зборува и за поморите што го снашле човештвото.

„Иако ја напишав песната плашејќи се од овие настани и гледајќи ги во светот, не можев да замислам дека тоа всушност ќе се случи во мојата земја, во нашите срца. Жал ми е што стана повистинито од порано. Ја слушнав веста пред да излезам на сцената, многу се налутив. Иако Евровизија е среќно место, место каде што се слави различноста, колку и да се трудиме, не можеме да сокриеме колку ни е тешко“, рекол тој и додал дека се труди да биде професионален.

Тој откри дека неговиот настап ќе го посвети на семејствата на трагично загинатите ученици.

„Јас не сум најпрофесионалната личност за да можам се да сокријам. Имаше многу гнев на снимката од пробата, не знам како поинаку да објаснам, но сакам да го пеам ова многу повеќе отколку што сакав претходно. Дојдов овде затоа што бев избран, тоа беше моја желба, а сега не сум сам во ова. Мојот настап ќе го посветам на цела Србија сега, која страда неизмерно, и на Србија пред овој настан, како и на семејствата на починатите. Колку што можам да понудам, ќе ја вложам целата душа во мојот настап“, изјавил српскиот претставник на Евровизија.

Scroll to Top