Српската старлета Сораја се породи пред три месеци, а нејзиниот син веќе ужива во луксузен живот.
Сораја Вучелиќ во февруари годинава се породи и за прв пат стана мајка. Таа роди син кој од првиот ден го облекува во дизајнерска облека и му ги купува најскапите парчиња луксузни брендови. Старлетата и понатаму го крие сопругот додека се шпекулира дека е богат Русин.
Сораја се пофали како го облекла синот пред да се качи на авион. „Мојата љубов е подготвена“, напишала Сораја на Инстаграм.
Според српските медиуми наводно облеката која ја носи нејзиниот син чини 650 евра. Додека бебешката количка во која го вози нејзиниот син чини 4.147 евра.