Австралиската пејачка и текстописец Сиа, (47) се омажи со своето момче Ден Бернад на интимна церемонија во вилата на Доменико Долче и Стефано Габана во Портофино, Италија.
За венчавката на која присуствувале само шест гости, Сиа носела чипкан фустан во форма на сирена, со нежни детали. Нејзиниот сопруг се одлучил за светол смокинг со свилени детали.
Двојката ги разменила заветите под железен свод украсен со прекрасни розови, виолетови, жолти и бели цветови. Надворешниот простор бил декориран со раскошни златни маси.
Светските емдиуми пишуваат дека не е познато од парот започнал да се забавува, бидејќи Сиа својата врска ја криеладалеку од јавноста. Таа досега има споделено само една фотографија со Ден, минатата година.