Вардар формираше рагби клуб

Покрај фудбалскиот и ракометен клуб, од спортското друштво „Вардар“ најавија дека формирале нов рагби тим. Оттаму велат дека сакаат да го промовираат овој спорт кој не е атрактивен за наши услови.

За таа цел денес на теренот на „Работнички“ до стадионот „Тоше Проески“ новоформираниот рагби клуб Вардар, одржаа заеднички тренинг со националниот рагби тим на Србија.

„Среќни сме што сме домаќини на националниот тим на рагби на Србија. Ова е одлична можност за љубителите на рагбито во Македонија коа се во сè поголем број да бидат сведоци на еден заеднички тренинг помеѓу двете земји и да се споделат искуства”, рече Дамјан Георгиевски, претседателот на рагби клубот Вардар.

Заедничкиот тренинг настан ќе биде од отворен карактер, а сите љубители на спортот ќе може да учествуваат на овој собир, без разлика на нивното познавање на рагбито или на моменталната физичка спремност.

Scroll to Top