Новинарката Цеце Николова која од дете се бори со алопеција лани првпат ја тргна периката и конечно реши без неа да излезе од дома и да се појави во јавноста. Оттогаш до денес Цеце, сега веќе слободна и без никаков комплекс, секаде оди без периката, која со години беше неизоставен дел од нејзиниот живот, но и нејзина најголема борба.
„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив.
Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна.
После сѐ што ми се случи периодов, можам да кажам дека периката и алопецијата непотребно ми ја мачеле душава цел живот. Видов многу пострашни работи.Пред животот да ви помине во измачување, гушење, криење и лаги – погледнете се во огледало, ѕирнете си во душата, изговорете гласно сѐ од што се плашите и учете од сопствените стравови.П.С. После една година „слободна“, ми расте коса, иако скроз не мора“, вели Цеце Николова.
View this post on Instagram
Таа лани летото беше во студиото на Репортер и со многу емоции ни ги откри сите тешки мигови низ кој поминала, од детство во згрижувачкото семесјтво, преку мигот кога дознала за болеста , па низ сите години за конечно да се прифати себе си. Денес е среќна и своја и со алопецијата, а формираше и свое здружение „За тебе“ за помош на сите оние од ранливите категории.
А.Георгиев