Боби, португалското куче кое во февруари беше прогласено за најстарото куче на светот од Гинисовата книга на рекорди, во четвртокот го прослави својот 31 роденден.
Семејството на Боби планирало роденденска забава во сабота во неговиот дом во Конкеирос, село во јужна Португалија, изјави Гинис, според Си-Ен-Ен.
Претходно, неговиот сопственик Леонел Коста изјавил за Гинис дека тоа ќе биде традиционална португалска забава, на која ќе присуствуваат повеќе од сто луѓе, а ќе настапи и танцова група, се вели во соопштението.
Коста изјави дека Боби ужива огромно внимание откако ја понесе титулата за најстарото куче на светот и дека многу новинари и луѓе од целиот свет доаѓаат да се сликаат со него.
Тој додаде дека кучето е во добра здравствена состојба и дека неодамна било прегледано поради стрес поради честите посетители и фотографирање.
Боби е раса на португалско овчарско куче, а според неговиот сопственик, тој имал потешкотии со одење и слабеење на видот во последните години. Коста ја припиша долговечноста на своето куче делумно на мирната средина во која живее.
Покрај тоа што е најстарото куче кое живее во моментов, Боби е исто така, според Гинисовата книга на рекорди, најстарото куче досега.