Габриел Бајрам со семејството на Виенски бал, на маса седеа со Агнеса Оганиџиева

Политичари, инфлуенсери, водители и други познати личности од јавниот живот во Македонија беа дел од 22-то издание на Виенски бал- Скопје, кој се одржа во хотелот Александар Палас.

Помеѓу присутните беше и претседателот на најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите, Габриел Бајрам. Тој на Виенскиот бал дојде со своето семејство. Облечен во бела кошула и црн костум, додека неговата сопруга и ќерка во долги раскошни тоалети.


Семејството Бајрам на Виенскиот бал седеше на иста маса со Агнеса Органиџиева. 

Тој во изјава за Б1 телевизија изјавил дека чест му е што бил поканет пред се како Ром, но и како претседател на најголемата ромска политичка партија да биде дел од еден ваков гламурозен бал.

„Би сакал да им се заблагодарам на организаторите за поканата и укажаната чест да присуствувам заедно со моето семејство и да бидеме дел од ова величествено одбележување. Морам да кажам дека организацијата е на највисоко ниво од страна на прекрасни луѓе кои во себе го имаат искуството на висок професионализам“, изјавил Бајрам.

Тој во изјава го спомена и Ромскиот бал кој традиционално се одржува во нашата земја.

„Сојузот на Ромите веќе наназад 43 години го организираме познатиот Ромски Европски Бал, тој бал ни е аманет од нашиот покоен татко лидерот на најголемата Ромска Партија Сојузот на Ромите, господинот Амди Бајрам, и ние тој бал го гаиме како наша зеница во окото. Но знаете секогаш може да одиме чекор напред, ќе ја искористам изреката човек се учи додека е жив, па така и ние вечер можеби ќе доловиме некој момент кој ќе го вклучиме во програмата на нашиот бал“, изјавил Бајрам.

Виенски бал во Скопје традиционално се одржува под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во Македонија, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.
Scroll to Top