Долги креации на фустани за 22-то издание на Виенскиот бал, кој традиционално се одржува во Скопје. Познатите личности од јавниот живот во нашата земја, овој момент го искористија да блеснат во тоалети кои ја имаат ваквата намена, да се носат на бал и во нив да изгледаат гламурозно.
Дрес кодот на Винескиот бал наметнува за жените долги тоалети, а за мажите костими или смокинзи. Па така за Виенскиот бал нашите познати дами одбрале свечени и блексави фустани, со тул, циркони, потпишани од познати дизјанери.
Оваа година на балот доминираше црвена боја. Поголем број од дамите за својот стајлинг одбрале балски црвени фустани, бојата на љубовта и страста, а според кажувањата, но и во психологијата, се вели дека црвената боја е бојата на огнот и на крвта, па токму затоа таа асоцира на енергија, војна, опасност, сила, моќ, одлучност и копнеж.
Водителката Марјана Станојковска, Ирена Спировска, Агнеса Органџиева, Вера Мештеровиќ, Дунафка Трифуновска, Габриел Бајрам со семејството и уште многу познати фаци од јавниот живот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram