Бракот на Бритни Спирс и Сем Асгари наводно е во голема неволја, пренесуваат светските медиуми. Според TMZ, Бритни и Сем неодамна имаат чести конфликти, кои често се претворале во расправии кои траеле со часови.
„Тензијата речиси секојдневно е на врвот, а често се случува обезбедувањето да реагира и да ги раздвои“, велат од TMZ.
Како што понатаму се наведува, изворите тврдат дека Сем во последно време ретко бил дома. Засега Бритни и Сем не ги коментираа овие наводи, иако Бритни на објавите на Инстаграм дополнително прави да има сомнеж. Таа го реобјавила текстот во кој пишува: „Во секоја врска има една личност која веднаш заспива, а другата која лежи будна прашувајќи се како е тоа воопшто можно“.
Во прилог оди и тоа што минатиот месец и двајцата се видени без бурмите. Од друга страна, извор за Дејли Мејл изјавил дека и покрај шпекулациите, меѓу парот се е во ред.
„Се е во ред“, рекол изворот и додал: „Сем работи на проект и таа е на одмор со својот менаџер“.
За потсетување, Бритни се мажеше три пати, а беше во брак со Џејсон Ален Александар, односно Кевин Федерлајн.