Принцот Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс, Меган Маркл првпат се појавија во јавноста по крунисувањето на кралот Чарлс Трети што се одржа на 9 мај.
Хари ја однел сопругата во суши бар во Санта Барбара. Двојката била одлично расположена, судејќи по фотографиите и уживаше во времето заедно.
Хари шетал во бели панталони и црна маица, а Меган носела краток кафен фустан и бела чанта.
Вниманието го привлекле нејзините нозе кои изгледале послаби од вообичаено. Па фановите на Меган се прашуваат што се случува со нејзините нозе.
Да потсетиме, кралот Чарлс беше крунисан на истиот ден кога неговиот внук Арчи, синот на Хари и Меган, го прослави четвртиот роденден. Меган наводно одбила да дојде на крунисувањето кога слушнала дека парот е резервиран за третиот, а не првиот ред, што и било понижувачко.