Кралот Чарлс го објави првиот официјален портрет со наследниците Вилијам и Џорџ

Новиот британски крал Чарлс Трети го објави првиот официјален портрет со наследниците Вилијам и Џорџ. Тој позираше со најстариот син кој е прв во редот за налседување на тронот и ос најстариот внук принцот Џорџ, кој е втор во редот за да ја наследи круната.

Фотографијата на кралот и двајцата негови наследници е снимена по крунисувањето, кое се случи на 6 мај. Направена е во Бакингемската палата, на која кралот Чарлс ја носи круната и другите симболи на власт. Интересно е дека кралот Чарлс Трети седи на една од столите кои се направени за крунисувањето на кралот Џорџ Петти и кралицата Мери.

За потсетување, Чарлс автоматски стана британски крал во септември минатата година по смртта на мајка му, кралицата Елизабета Втора, која почина на 96 години. Таа помина на тронот 70 години и 214 дена, најдолго во историјата на британското кралство.

 

Scroll to Top