Канадската инфлуенсерка Сем Кутлер, на Тик ток сподели дека за време на свадбата гостите ги нудела со таблети против надуеност и зеленчук. Рече дека нејзината исхрана се базирала на здрав живот и здрава исхрана, а исклучок не направила ни за нејзината венчавка.
„Денот го започнав со големо смути од зеленчук, а потоа кумата ми даде малку од нејзината салата додека се подготвував“, рече Сем во видеото со наслов „Што јадев на денот на мојата свадба“.
View this post on Instagram
Додека се подготвуваа заедно со кумот и деверушите, на девојките им беше послужена голема чинија со сиров зеленчук, а по прославата ги почестија со остриги и специјалитет од авокадо. Како предјадење на гостите им беше послужена салата со леб без глутен од страна.