Ким Џонг ун со ќерка му дадоа зелено светло да се тестира првиот шпионски сателит за Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун изврши инспекција на првиот воен шпионски сателит за земјата и даде зелено светло за неговиот иден акционен план, известија државните медиуми во Пјонгјанг.

Лидерот за време на посетата на воздухопловната аенција на Северна Кореја, рече дека надгледувањето од вселената е клучот за да им се спротистават на САД и Јужна Кореја, пренесоа светските агенции.

Ким за време на посетата во вторникот одобри неодреден иден акционен план и подготовка за лансирање на сателитот, соопшти севернокорејската новинска агенција KCNA.

Пјонгјанг не го потврди датумот на лансирање, за кои некои аналитичари рекоа дека би можел да биде во наредните неколку недели. Фотографиите кои ги објавија Rodong Sinmun го покажуваат Ким со ќерка му, облечени во бели лабораториски мантили, како разговараат со научниците во близина на објектот кој е главна компонента на сателитот.

Ова беше негово прво појавување во јавност, во последните месец дена, откако претходната посета во воздухопловниот центар се случи 18 април, кога државните медиуми објавија дека сателитот е изграден.

 

Scroll to Top