Роберт Билбилов и диџеј Никифор ќе промовираат урбана музика

Роберт Билбилов заедно со диџеј Никифор има нов проект „Drunk cut“, за кој вели, дека е урбан проект на кој е многу горд.

„Еве поинаква можност. Токму тоа и ни беше идејата – да му дадеме нешто ново на урбаниот народ“, вели Билбилов и признава дека идејата за ваквиот материјал насловен „Drunk cut“ се родила сосема случајно, откако бил на една журка на која Никифор пуштал музика.

„Бев на настап на Никифор, а самата енергија која ја доживеав ме инспирираше да размислам зошто да не се обидеме да направиме нешто слично заедно. Од едно обично кафе кое го испивме следниот ден, дојдовме до албум. Идејата не ни беше да направиме тежок мејнстрим, туку едно наше видување, наш вајб, впрочем тоа е хаус музиката. Сакавме да поработиме на кревање на денс-сцената, затоа што сметаме дека тоа недостастува“, вели Билбилов.
Eдна од траките всушност е ремикс на хитот на Арилена Ара со наслов „Дашуриа име“, за која автор на музиката е долгогодишниот пријател и соработник на Билбилов, Дарко Димитров. На 19 мај официјалното издание на албумот излегува и на сите музички платформи, како и во клубот Станица 26, со почеток во 20:30 часот.

Scroll to Top