Повеќе од 1.200 предмети кои биле во сопственост на музичките легенди како Елвис Присли, Лед Цепелин и Битлси беа продадени уште во првиот ден на тридневна аукција во Њујорк. Продажбата ќе трае три дена до нела и се одвива и преку онлајн.
Од аукциската куќа Julien’s, рекоа дека златната плоча на Битлси од нивниот албум „Hey Jude“ кој беше продаден во милион примероци, достигна цена од 91.000 долари.
Рачно напишаните стихови на Baby You’re a Rich Man од Џон Ленон и Пол Макартни достигна цена од 65.000 долари, а тетратката на Ленон со 18 цртежи е продадена за повеќе од 35.000 долари. Двете палки за тапани на Ринго Стар достигнаа цена од околу 22.000 долари.
Повеќе од 45.000 долари биле платени за прстен обложен со злато и дијаманти кој Елвис Присли го носел додека настапувал во 1970-тите.
Акустичната гитара на рокерот од „Лед Цепелин“ Џими Пејџ е продадена за 63.500 долари, додека белиот кадилак на Нил Јанг од 1978 година е продаден за 13.000 долари. Аукцијата ќе трае до недела навечер, па се очекува уште некои сувенири да достигнат добра цена.