Внукот на Тања Кочовска, Јоаким го прослави првиот роденден

Внункот на Тања Кочовска, Јоаким, го прослави првиот роденден, а актерката објави фотографија од него во друштво на татко му Александар.

Тања стана баба минатата година, откако син ѝ Александар и снаата Моника за првпат станаа родители, а веста за внукот ја објави на свој оригинален начин, легната на тревникот пред „Аџибадем Систина“.

За потсетување, Александар и Моника се венчаа во април 2021 година, а неколку месеци претходно тој ја побара за жена во ноќниот клуб „Сектор 909“, каде што и се запознале.

Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски-Љац. Од вториот брак со актерот Предраг Павловски ја има ќерката Нела.

Scroll to Top