Елена Ковачевска, сопругата на премиерот носеше креација на Тања Кокев на концерт во црквата „Света Софија“ во Охрид, со кој почнува дводневното одбележување на Денот просветителите. Станува збор за комплет од кадифена ткаенина во царско сина боја.
Таа присуствуваше на изведбата на гудачкиот ансамбл „Антео“. Дизајнерката Тања Кокев во последно време се грижи за стилот на Елена Ковачевска, па речиси за сите јавни настани таа е облечена во дизајнерски парчиња на Кокев.