Владин службеник во Индија испразнил брана за да го извади телефонот кој му паднал додека правел селфи. Потребни биле три дена за испумпување на милиони литри вода од браната. Кога бил пронајден, телефонот не работел оти бил премногу наполнет со вода.
Инспекторот за храна Раџеш Вишвас тврдел дека телефонот содржи чувствителни владини податоци и затоа требало да се најде.
Владиниот службеник е суспенцдиран и обвинет за злоупотреба на службена должност.
Вишвас изјавил дека телефонот од марката „самсунг“, вреден околу 1.200 долари, му паднал во браната Керката, во централната индиска држава Чатисгар, во неделата.
Вишвас негира дека ја злоупотребил својата позиција и рече дека водата што ја исцедил е од преливниот дел на браната и не е во употреблива состојба.