Актерот Остин Батлер (31) ја побарал за жена неговата девојка, манекенката Каја Гербер (21), ќерка на супермоделот Синди Крафорд, се гласините во светските медиуми.
Гласините за свршувачката почнаа да кружат на почетокот на оваа недела кога на профилот на Инстаграм наречен Deuxmoi беше објавена анонимна репортажа дека еден од најперспективните млади актери во Холивуд, кој го олицетворува и кралот на рокот Елвис, наводно клекнал на колена пред неговата девојка уште во април, и ја запросил, но дека тоа го криеле од јавноста.
Двојката неодамна беше забележана на вечера со родителите на Каја, Синди и таткото Ранде Гербер во Калифорнија, но манекенката не носела прстен на раката. За многумина заедничката вечера со родителите била своевидна потврда за свршувачката и забавата по повод неа. Порталот „Пејџ сикст“ тврди дека парот не е свршен, за што дознале од нивниот неименуван извор.
Парот е заедно година и пол.
Набргу по разделбата од актерот Џејкоб Елорди во ноември 2021 година, Каја почна да се забавува со Батлер, кој беше во врска со колешката Ванеса Хаџенс (34), повеќе од девет години, додека не раскинаа во јануари 2020 година.
Каја и Батлер првпат предизвикаа гласини за нивната романса во декември 2021 година, кога беа фотографирани како заедно присуствуваат на час по јога, а подоцна беа видени како одат на одмор. Првиот официјален состанок како пар го имаа на Мет Гала во 2022 година, а обожавателите на Остин уште од самиот почеток ја критикуваа Каја.
„Позната е само поради родителите“, „Барем Ванеса имаше кариера“, „Замислете маж да не ве запроси девет години, а потоа да падне на колена на друга по една година“, „Кутата Ванеса “, „Позната е само затоа што е убава“, ова се само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат на социјалните мрежи.
Ванеса неодамна се сврши со бејзбол играчот Кол Такер во романтичниот Париз.