Бакнувањето на детето во уста потенцијално може да доведе до кариес, да предизвика алергиски реакции и да предизвика детето да не го разбере концептот на личните граници. И покрај потенцијалните ризици, познатите личности како Дејвид Бекам упорно споделуваат слики како ги бакнуваат своите деца во уста. Иако се критикувани за оваа практика, многу родители ја гледаат како безопасен начин на изразување љубов.
„Јас сум многу нежен со децата. Така бевме воспитани јас и Викторија, а такви сме и со нашите деца. Сакаме да им покажеме љубов на нашите деца и, знаете, многу сме поврзани со нив”, изјавил пензионираниот фудбалер.
11-годишната Харпер не е единственото дете кое Бекам го бакнува во уста.
„Ме критикуваа дека ја бакнував ќерка ми во уста. Ги бакнувам сите мои деца во уста. Можеби не Бруклин затоа што има 18 години, можеби е малку чудно за него“, додал тој.
View this post on Instagram
Бекам стана татко на 23 години. И покрај успешната кариера и напорниот распоред, тој секогаш наоѓа време за семејството и тоа му е приоритет.
„Мислам дека со децата побрзо созреваш. Животот се врти околу децата. Мислам дека учиш дека како татко – стануваш помалку важен, а сè се врти околу твоите деца”, објаснува тој.
Според Бекам, ниту едно од неговите четири деца не изразило желба да оди по неговите стапки и тој целосно го поддржува нивниот избор.
„Ниту едно од моите деца не сака да биде фудбалер во моментов. Тоа е во ред, не сакам никого да присилувам на ништо. Важно е да им покажеме на децата љубов, поддршка, охрабрување. Секогаш сме ги поддржувале нашите деца во се што сакаат “, тврди тој.
Сепак, психолозите предупредуваат дека бакнувањето на детето во усните може да ги збуни децата, па дури и да ги поттикне да се однесуваат слично со другите возрасни.