Шварценегер искрен за употребата на стероиди: не ги користете, луѓето умираат од предозирање

Откако самиот користел стероиди, Арнолд Шварценегер ги предупредува бодибилдерите за последиците. Во новото издание на магазинот Men’s Health, познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија (75) зборуваше за земање стероиди во минатото.

„Земав сто милиграми тестостерон неделно и три дијанаболи дневно, значи 15 милиграми дневно“, рече тој.

Сепак, тој истакнува дека тие бројки не се ништо во споредба со злоупотребата на стероиди што ја гледа денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Men’s Health (@menshealthmag)

„Стероидите не беа нелегални сè до 1990 година кога Конгресот го усвои Законот за контрола на анаболни стероиди. И ги земав сите лекови за подобрување на перформансите само под медицински надзор. Бодибилдингот секогаш се сметаше за безбеден спорт, но сега не е. Дури и не знам што прават затоа што ги слушаат шарлатаните“, предупредува тој и ги повикува бодибилдерите да останат здрави и целосно да избегнуваат употреба на стероиди.

„Не правете го тоа. Секогаш кога ќе го злоупотребите телото, ќе зажалите. Но разбирам дека многу луѓе ќе прашаат кој сум јас да им го кажам тоа“, додаде тој.

Во денешно време тоа е многу поретко во теретана. Како што вели, тренира за да остане жив и во форма за снимање.

Scroll to Top