(Видео) Ивона Јо се расплака на промоцијата за нејзината прва песна

Кумановката Ивона Јо, поранешна учесничка во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ денес ја имаше премиерата нејзината прва песна и спот.

„Буквално“ е насловот на песната, која денес во скопско кафуле ја промовираше пред колегите, блиски пријатели на Ивона и новинарите кои дојдоа да ја поддржат.

Додека официјално беше пуштен спотот за „Буквално“, Ивона ја совладаа емоциите и се расплака. Песната е на српски јазик, за што таа рече дека со неа сака да допре до цел Балкан.

„Пресреќна сум затоа што моето првенче изгледа вака, едвај чекам да слушнам што мислите за него, затоа што јас веќе година дена го чувам во мене, во душа. Јас сум во овој мој нов живот на почеток на кариера и не мислам да бидам ништо друго, освен тоа што сум јас. Јас сум овој спот и јас сум оваа песна“, рече Ивона.

Музиката и аранжманот за песната е на Немања Антониќ, текстот на Иван Вукаљовиќ. Додека сценариото за спотот е на Ивона, а режијата за видеото е на Станко Будимиќ и Немања Антониќ.

 

 

 

Scroll to Top