Актерот Ал Пачино побарал од неговата 29 годишна девојка Нур Алфала, ДНК тест, за да го потврди татковството. Веста за бременоста ги шокираше сите, а сега извор близок до двајцата откри дека Пачино се сомнева дека тој е таткото, особено што Нур до неодамна беше во врска со 79 годишниот пејач Мик Џегер.
Пачино се сомнева дека може да направи дете, па бил изненаден од веста дека наскоро ќе стане татко на 83 години. Мислел и дека е неплоден од медицински причини, открива изворот.
„Нур најчесто излегува со многу богати постари мажи. Со Ал е веќе некое време и одлично се согласуваат. Се чини дека разликата во години не им е проблем, иако тој е постар и од нејзиниот татко“, рече изворот.
За потсетување, ова за Пачино ќе биде четврто дете. Тој никогаш не се ожени, а неговата најстара ќерка Џули Мари ја доби со тренерот по глума Јан Тарант, додека 22 годишните близнаци Антон и Оливија со поранешната девојка Беверли Д’Анџело.