Станија Добројевиќ повторно се вратила во Америка, во Њу Џерси, каде што наишла на непријатност бидејќи сопственикот ја продал куќата во која живеела Добројевиќ и ги префрлил сите работи на старлетата во складиште.
>„ Нов почеток од нула! Се плашев да дојдам во САД. Куќата во која живеев сите овие години е продадена. Мислев дека ќе ме потресе носталгија, но ништо. Сега одам да си ги земам работите во овие магацини, напиша таа и додаде: – И тогаш сфаќам дека ништо не ми треба! Сите работи ќе ги донирам во хуманитарни цели. Можеби само ќе го задржам оваа розева пегла – напишала Станија.