(Видео) Панчо го гледаше последниот натпревар на Наполи во Италија и навиваше за Елмас

Панчо од ДНК беше во Италија и навиваше за македонскиот фудбалер Елиф Елмас и неговиот клуб Наполи кој го играше последниот натпревар против Сампдорија во италијанското првенство.

Наполи од поодамна ја освои титулата, а сега им беше доделен пехарот и медалите на фудбалерите.

Панчо со илјадници фанови излезе на улиците каде се случи  фешта. Сите се радуваа на освоениот пехар и пееја песни, а Панчо се сликаше и со муралите на легендарниот Диего Армандо Марадона.

Не е тајна дека Панчо и Елмас се одамна пријатели. Тие се дружат кога фудбалерот е во Македонија. Панчо, пред секој натпревар на репрезентацијата, но и кога играше Наполи, го бодреше Елиф преку социјалните мрежи и често објавуваше слики и видеа од неговите голови.

 

 

 

Scroll to Top