Младата пејачка Драгана Јовановска ја објави новата песна Камиказа

Младата пејачка Драгана Јовановска ја објави најновата песна „Камиказа“. Автор на песната е самата таа, а ја работеше со продуцентот Иле Спасев и раперот Тајзи. Видеото го сними Горан Симјановски.

„Спотот го снимивме во Скопје, во едно од најдобрите атељеа „Далерија“, каде можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Многу сум задоволна од целиот проект на кој работев со тим кој вложи многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива“, ни рече Јовановска.

За потсетување, Јовановска кариерата ја започна во регионални музички натпреварувања во Македонија и некои од пораншените југословенски републики. Ова е нејзина втора авторска песна, а рече дека во иднина работи на нови песни и видеа.

Scroll to Top