Место тетовирани веѓи и направиле живи рани: Скопјанка објави фотографии од третманот

Скопјанката Ангела Ковачевиќ на социјалните мрежи сподели фотографии од своите веѓи, на кои се гледаат отоци и црвенило. Таа правелаа  3Д техника на исцртување на веѓите каде се тетовираат веѓите со полутраен тинт. Ангела ги сподели фотографиите и постот во групата Женски домаќиснки муабети во кој вели : Жени и мајки, го објавувам постов со цел да не се зафркнете како и јас, да внимавате каде одите да правите тинт на веѓи, да правите прво тест за алергија пред било каква фарба да ставите на веѓи, трепки или пак коса. Не сакам јавно да го објавам козметичкиот салон, бидејќи мислам дека не е целата одговорност само нивна, иако нивната грешка е што не ми направија пач-тест за алергија, иако во упатството пишува дека е морално да се направи и дека може да предизвика алергиска реакција.
После 24 часа ми се појави страшно црвенило, и оток на веѓите кој ме чешаше до лудило, до вечерта се појави оток на очите и носот, како и изместување на целото лице и очи, завршив на инекции и терапија која се уште ја примам. Благодарение на мојата матична Весна Трајкова, а најблагодарна на др. Горица Давчева, денеска ми е веќе скроз намалено црвенилото. А, за тимот на кожно во Државна не сакам да коментирам“, вели девојката во постот и сподели фотографии од нејзиното лице.
Scroll to Top