Најстарата жителка на Ваљево, Косара Антиќ-Сариќ го прослави својот 102. роденден. Роденденската прослава ја организирале вработените во старечкиот дом каде што била сместена.
По 59 години живот во странство, од Виена, преку Каиро до Флорида, Косара Антиќ-Сариќ се вратила во родното Ваљево и вели дека не жали.
Оваа дама со остар ум и фини манири вели дека својата долговечност не ја должи на лесниот живот, туку на насмевката и посветената работа, кои ја воделе низ животот. И денес ги советува младите, да работат, тоа е најважно и секогаш да бидат расположени, да не се тажни, најважно е да се насмеани.
Љубовта има важно место во животот на оваа жена. Има четири браќа, син и ќерка, четири внуци и 10 правнуци.
„Синот има 79 години, а ќерката 83. Внукот кој денеска дојде од Шведска има 59 години“, објаснува Антиќ-Сариќ.
Ќерката на Косара, Нада Сариќ Цветановиќ вели дека нејзината мајка е среќна во Ваљево бидејќи таму има пријатели. Таа додава дека во родниот град видела повеќе пријатели за четири месеци отколку за 60 години во Америка.
Косара вели дека има убави спомени од Ваљево.
„Го сакам Ваљево, таму го поминав моето детство, подоцна ја имав таа фотографска продавница, добро работев, бев најмладиот мајстор за фотографија во Ваљево. И тогаш, мојот сопруг беше претставник на ЈАТ во Виена, отидов во Австрија, па во Египет, а потоа отидов во Америка да ја видам ќерка ми и останав таму“, раскажала Косара за Н1.