Крадец во Кина со помош на вештачка интелигенција го променил својот изглед и се претставил како пријател на моќен бизнисмен од кого извлекол повеќе од половина милион евра. Жртвата со име Гуо во април добил видео повик од лице чие лице и глас биле неверојатно слични на неговиот пријател.
Но, лицето со кое разговарал бил измамникот кој користел технологија за вештачка интелигенција за да го промени својот изглед, се вели во соопштението објавено од властите на Фужоу, место во источна Кина.
Крадецот го убедил бизнисменот дека е неговиот пријател и дека итно му требаат пари за да ја плати гаранцијата за јавен тендер. Успеал да го убеди Гу да му плати 570.000 евра од банкарската сметка на неговата компанија.
„За време на видеоповикот бев сигурен дека тоа е лицето и гласот на личност која ја познавам и не се посомневав во ништо“, рече бизнисменот.
Откако ја извршил уплатата, Гуо испратил СМС на пријателот чиј идентитет го украл крадецот. Кога ја видел реакцијата на својот пријател, кој не знаел за трансакцијата, претприемачот сфатил дека е измамен и повикал полиција. На банката ѝ било наложено да не ги исплати парите.
На Гу за брзо му биле вратени 450.000 евра, а засега измамникот не е пронајден.
Употребата на вештачка интелигенција, понекогаш поради злоупотреба, станува сè почеста во светот, особено откако американската компанија OpenAI го лансираше ChatGPT, робот со кој може да се разговара и да го имитира човечкиот глас.