(Видео) Шенен Доерти откри дека ракот и се проширил на мозокот

Американската актерка Шенен Доерти, најпозна по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот.

„На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење”, напиша Доерти споделувајќи видео од себеси в болница.

Потоа им се заблагодарува на своите, како што вели – одлични лекари и неверојатни техничари.

„Тој страв… Превирањата… Времето и одредените мигови минати тука и сè тоа… Еве како може да изгледа ракот“, додаде таа.

На актерката ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. По мастектомијата, година подоцна болеста беше во ремисија, но веќе во 2019, Шенен дозна дека ракот ѝ се вратил, се проширил и оти е во четврта фаза.

Scroll to Top