На Шанзелизе во Париз се одржа најголемиот диктат во светот со 1.400 луѓе

Викендов во Париз, најславната улица Шанзелизе беше претворена во училница на отворено, а скоро  1.400 луѓе учествуваа во натпревар во пишување со кој беше срушен светскиот рекорд.

Пред Триумфалната капија беа наредени 1.700 клупи за настанот кој беше наречен „најголемиот диктат во светот“. На натпреварот имаше три рунди, а во секоја од нив на натпреварувачите им беше читан текст кој тие мораа да го напишат без грешка.

Во првата рунда вкупно 1.397 луѓе учествуваа во диктатот на кратка приказна од писателот Алфонс Доде од 19 век. Токму таа рунда доби признание од Гинисовата книга на рекорди како најголемо натпреварување од таков вид, пренесоа француските медиуми. За настанот биле пријавени околу 50.000, а учествувале околу 5.000 луѓе, најголем дел од нив ученици.

Scroll to Top