Актерот Леонардо ди Каприо и моделот Џиџи Хадид, забележани се на вечера во луксузен ресторан, во Лондон, пишува „Пејџ сикс“.
Леонaрдо за вечерата одбрал вообичаена комбинација од црна јакна и панталони, со бели патики, додека Џиџи се појавила во долг, црн капут во комбинација со црн џемпер и тесни панталони.
Според информациите на „Пејџ сикс“, покрај нивната наводна средба во ресторанот, двајцата се забележани и во истиот хотел „Chiltern Firehouse“, во Лондон. Гласините за врската на Леонардо и Џиџи првпат се појавија во септември минатата година, кога беа видени како се забавуваат заедно.
Инаку, Леонардо е познат по тоа што излегува со жени во нивните раните 20-ти години. Неодамна ја прекина врската со манекенката и актерка Камила Мороне, откако таа наполни 25 години.