Македонски патници во авион ја изнервираа стјуардеса, додека авионот сè уште лета, а патниците станаа и почнаа да го вадат багажот.
„Вие што сте во средина седнете веднаш. Седнете бидејќи предметите може да паднат и да предизвикаат повреди на патниците околу вас, авионот сè уште се движи. Затворете ги одделите со багаж. Седете и врзете го појасот“, ги предупредува стјуардесата.
Ваквата практика во авионите често се случува, додека авионот сè уште лета, а се ближи кон аеродромот каде што треба да слета патниците да станат и да почнат да го вадат багажот.
„Секоја чест на стјуардесата, добро се воздржува од воспитни мерки спрема патниците“, „Мислев дека само ние Босанците не знаеме да се однесуваме во авион, но изгледа дека цела ексју, не знае“, „Кога село ќе се покондури“, „Секој пат е вака, не е ништо ново. На излез пак што е Боже чувај. Колку пати да им зборуваат од едно им влегува од друго излегува“, „Секој пат е исто ништо ново. Ама не се само Македонци има и други“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram