Роберт де Ниро и партнерката првпат се појавија на црвен тепих откако добија ќерка: Тифани изгледа исплашено како да е киднапирана, велат фановите

Роберт де Ниро (79) и неговата партнерка Тифани Чен (45) се појавија заедно на отворањето на филмскиот фестивал „Трибека“. Двојката присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Кис Д Фјучар“. Ова беше нивно прво појавување на црвениот тепих по неодамнешното раѓање на нивната ќерка Гиа Вирџинија.

Ќерката на Де Ниро и Тифани се роди на почетокот на април, а актерот овој месец откри дека дека станал татко на 79 години.


Во едно интервју беше прашан како е да се биде татко на шест деца, на што ја поправи водителката и рече дека има седум.

Тифани, која е инструкторка по боречки вештини, за оваа пригода избрала црн фустан на кој додала беж чевли и розова чанта. Над неа носела џемпер во беж боја, а очите ги сокрила со очила за сонце.

До неа позираше актерот во сива маица, црна јакна и панталони. Тие се држеле за раце, а зад него стоела неговата партнерка.

Некои корисници на социјалните мрежи се шегуваат дека Тифани изгледа многу исплашено и како да е киднапирана, поради нејзиниот сериозен израз.

Покрај ќерката Гиа, Роберт ги има и ќерката Дрена (51), синот Рафаел (46), близнаците Арон и Џулијан (27), синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11).

Инаку, Де Ниро во 2018 година се раздели од поранешната сопруга Грејс Хајтауер (68) со која беше во брак 20 години. Тие се венчаа во 1997 година, се разделија во 1999 година, потоа се смирија, во 2004 година ги обновија заветите, а потоа поднесе барање за развод во 2018 година.

 

Scroll to Top