Француски манастир Мон-Сен-Мишел кој е под заштита на УНЕСКО слави 1.000 години. Ова место е главна туристичка атракција во Нормандија, а милениумскиот роденден почна да се прославува уште во ноември со изложби, концерти и други настани.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше во посета на манастирот и ја посетил новата изложба за историјата на манастирот, која ја вклучува и обновената статуа на Свети Михаил.
Според легендата, архангелот Михаил во 708 година му се укажал на бискупот на соседниот град Авранш и го поучил како да изгради црква на карпестиот остров, кој е поврзан со копното само преку тесна патека при плима.
Франција вложила 32 милиони евра во 15-годишната обнова на манастирот, која сега привршува. Манастирот Мон-Сен-Мишел годишно привлекува над два милиони туристи годишно, додека само 30-ина луѓе постојано живеат во околното село.