Владо Илиевски е новиот спортски директор на Цедевита Олимпија

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски, е нов спортски директор на кошаркарскиот клуб од Словенија Цедевита Олимија. Денеска беше и официјално претставен во новата функцијата во еден од најдобрите клубови во Словенија и на просторите на поранешна Југославија.

„Владо Илиевски е новиот спортски директор на Кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија. Поранешниот врвен кошаркар, кој во својата кариера ги носеше дресовите на Партизан, Барселона, Лотоматика, Тау Керамица, Ефес, Нимбурк, Цедевита Загреб и Олимпија Љубљана, е на функцијата спортски директор наследувајќи го Сани Бечировиќ, кој го напушта клубот по четири сезони“, објавија од клубот.

И Илиевски рече дека е задволен што се враќа во клубот кој му бил отскочна даска во кариерата.

„Задоволен сум и среќен што овојпат во малку поинаква улога се враќам во клубот кој ми даде многу и кој беше отскочна даска за мојата кариера. Заедно со сите мои колеги во клубот ќе ја дадам сета моја енергија и амбиции да испишам успешна приказна“, изјавил Илиевски.

За потсетување, Илиевски во 2017 година се прости од кошарката, а во последните години беше и претседател на Кошаркарскиот клуб Илирија.

Scroll to Top