Откако го изгубија бебето Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот партнер Немања Гудељ тајно го посетија манастирот Острог на Требиње. Овој манастир е на Српската православна црква и е изграден со речиси вертикална позадина.
Издигнат е во големата карпа на Острошка Греда и се смета за најпопуларно место за поклонение во Црна Гора. Друштво им правеа братот на фудбалерот, Драгиша и неговата девојка.
Извор близок до пејачката рече дека Гудељ сакал да ја изненади откако неодамна го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста.
„Анастасија дојде во манастирот да ги целива моштите на свети Василија. Беше во друштво со Немања, неговиот брат Драгиша и девојка му. Се трудеа да останат незабележани. Анастасија се однесуваше како обичен верник. Беше без шминка и носеше тексас јакна. Изгледаше ослабена, а губењето на бебето остави траен белег кај неа. Кога дојдоа, дежурниот монах им ги прочита молитвите за здравје и спас. Останаа извесно време во Горниот манастир. Kупија сувенири и запалија свеќи, но не сакаа да се знае дека се во манастирот, па на социјалните мрежи не објавија фотографии, за разлика од посетата на Херцеговина кога споделија неколку. Иако се обиде да остане незабележана, некои од посетителите во манастирот ја препознаа и побараа да се фотографираат. Не ги одби, иако немаше желба да се фотографира“, рече извор близок до Анастасија.