(Видео) Свиркач од Пентагон тврди дека луѓе биле убиени од нечовечка интелегенција и дека владата на САД ќе стори се за да ја зачува тајната

Свиркач од Пентагон, Дејвид Груш кој тврдеше дека САД со децении имале програма за откривање на НЛО и вонземјани, сега вели дека луѓе биле убиени од страна на нечовечка интелегенција. Груш служеше 14 години во воздухопловните сили, а за програмата дознал од луѓе кои биле вклучени во истата, пишува „Дејли Мејл“.

Груш (36) е одликуван борбен офицер во Авганистан кој продолжил да работи за Националната геопросторно-разузнавачка агенција (НГА) и Националната канцеларија за извидување (НРО).

Бил претставник на НРО кога работел со работната група која била специјално формирана за да истражува НЛО. Минатата недела за NewsNation зборуваше како САД се во трка во вооружување со Русија и Кина за да го разберат вонземскиот живот. Додаде и дека вонземјаните убиле некои луѓе.

„Никогаш нема да ја разбереме нивната намера. Не можам да навлегувам во специфики бидејќи така би открил одредени доверливи операции во САД. Неколку поединци во програмата ме информираа за неколку страшни настани“, одговори Груш на прашањето за тоа дали биле убиени луѓе.

Додаде и дека американската влада ќе направи сè за да ја заштити тајната, вклучително и убивање луѓе.

„Во најмала рака, видов суштински докази дека е сторено злосторство. Слушнав некои работи што не сакам да ги повторувам сега“, рече тој.

Тој тврди дека некои од откриените НЛО биле големи колку фудбалски игралишта.

Друг воен ветеран за DailyMail.com рече дека неговата шестчлена единица видела НЛО натоварено со оружје додека служел во Индонезија. Други велат дека наишле на авиони кои можат да го нарушат просторот и времето.

Груш го поднесе својот извештај во јули минатата година. Во тоа време, генералниот инспектор за разузнавачка заедница ја нарече жалбата итна и веродостојна.

„Постои софистицирана кампања за дезинформации насочена кон американското население, што е крајно неетичко и неморално“, рече тој, обвинувајќи ја американската влада дека ја лаже јавноста со децении.

„Ние дефинитивно не сме сами“, рече Груш, додавајќи дека се откриени прилично голем број авиони.

Пентагон негира било какво знаење за програмата опишана од Груш минатата недела, но рече дека ќе ги следи тековните истраги за неговите тврдења каде и да ги однесе истрагата. Одборот за надзор на Претставничкиот дом, исто така рече дека ќе ги истражи неговите тврдења.

(Видео) Пентагон крие докази за пронајдени НЛО летала и тела на вонземјани, тврди поранешен амерички шпион

 

Scroll to Top