(Фото) Цеца го славеше 50 роденден на Дедиње

Пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца денес го прослави 50 роденден. Славеше во кругот на семејството и најблиските во семејниот дом на Дедиње. Пејачката ја откажа големата прослава која ја планираше откако ќерка ѝ Анастасија го загуби бебето во петтиот месец од бременоста.

Фановите ѝ направија интересно видео во кое и честитаа. Тие и дадоа и специјален подарок, роденденска торта декорирана со златна круна.

„Жена, мајка, кралица“, беше напишано на неа.

Од колешките кои и честитаа беа Дара Бубамара, Надица Адемов, Александра Младенови и други. За потсетување, за роденденот на Цеца, во понеделниот од Требиње во Белград дојдоа Анастасија и нејзиниот партнер Немања Гудељ.

Scroll to Top