(Видео) Само да проверам дали Ѓоковиќ ми честиташе, Јокиќ ги насмеа новинарите на пресот

Шампионот во НБА лигата и МВП финалето, Никола Јокиќ беше расположен на конференцијата за медиумите. Србинот му ја донесе на Денвер првата шампионска титула во историјата. Денвер станаа шампиони во НБА лигата откако во петтиот натпревар во финалната серија го совладаа Мајами со 94:85 и со 4:1 стигнаа до шампионскиот прстен.

Јунак на мечот беше Јокиќ кој мечот го заврши со 28 постигнани поени, 16 скокови и четири асистенции. По свечената церемонија и големото славје на теренот и во соблекувалната, следеше конференцијата за медиумите на која Јокиќ се истакна.

Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, а Јокиќ НБА лигата, па еден американски новинар го замоли кошаркарот за мислење за неверојатните успеси на Србите. Јокиќ го извади мобилниот телефон да провери дали Ѓоковиќ му пратил порака, а потоа сватил дека има премногу.


„Ми стигнале премногу пораки, ќе го исклучам телефоно“, рече Јокиќ по што следеше смеа во салата.

„Спортот е нешто посебно во Србија. Го имаме Новак, кој е веројатно најдобар во историјата. За нас е најдобар, а сега имаме НБА шампион. Многу е добро чувството да се биде Србин сега“, рече Јокиќ.

Scroll to Top