Ај Кју во Лондон ја снимија новата песна „До тебе“

Бојан и Марија од Ај Кју снимија нова песна во Лондон, „До тебе“. Музиката и текстот се на Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова а продукцијата и аранжманот на Роберт Билбилов. Песната ја снимија во JustRBproduction.

„За одредени песни едноставно знаеш дека има нешто посебно и дека се поклопиле енергиите на сите вклучени во тимот, токму за оваа песна така се чувствувавме“, ни рекоа Бојан и Марија.

Ај Кју спотот го снимија во Лондон, каде во последно време се поактивни на музички план со настапи и снимања. Летово најавија дека ќе имаат настапи и низ Македонија.

 

Scroll to Top